На 18.10.2022 во 22.35 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица при СВР Битола го лишиле од слобода 27 годишно лице од Битола. Тој се сомничи дека околу 18.10 часот, со употреба на физичка сила, влегол во подрумскиот дел во зградата на Апелационен суд Битола на бул. “1 Мај“, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдeно и вратено на сопственикот. Исто така, при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и во консултација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 18.10.2022 во 22.35 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица од општа надлежност при СВР Битола го лишиле од слобода 36 годишник од Битола. Тој се сомничи дека околу 21.30 часот во спортска обложувалница на ул. „Партизанска“ во Битола со закана кон вработената одзел пари од дневниот промет. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.