Press "Enter" to skip to content

Утре во Народниот театар во Битола комеморација за починатите актери Митко С. Апостоловски и Јулијана Стефановска

Утре, четврток, 20 октомври со почеток во 11 часот во НУ Народен театар Битола на Големата сцена ќе се одржи комеморација за нашите починати актери Митко С. Апостоловски и Јулијана Стефановска. 

Ансамблот на НТБ, вработените и сите љубители на театарот во Битола овој начин на двата актери ќе им оддадат почит на нивното долгогодишно творештво.