Кошаркарскиот клуб Пелистер доведе ново засилување во Битола, за сезоната која е на стартот. Нов член и жител на нашиот град е Кени Карпентер, американски бек кој доаѓа во Битола од шампионатот на Унгарија.
Карпентер кој има 26 години Карпентер ќе пристигне во Битола и ќе му се стави на располагање на тренерот Марјан Илиевски, а неговото деби се очекува во третото коло од домашниот шампионат против ФМП Академија.
Карпентер ќе биде замена за новиот плејмејкер Донован Доналдсон, кој се повреди и ќе паузира подолг период, а ќе биде организатор на играта кој доаѓа од клубот ПВСК Пантерс.