Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер со “два од два“ се враќаат во Битола од “балонот“ во Златибор

Екипата на во Битола се враќа со максимален учинот, со две победи на две средби од “балонот“ во Златибор, иако поради повредите со стравување заминаа на отворањето на АБА 2 лигата. 

Пелистер иако одигра натпревар со осцилации и грешки, ја победи екипата на Шенчур од Словенија со резултат 71:67,  во натореавр во кој добија само една четвртина на натпреварот, втората, а се одлучи за победникот во драматичен финиш. Екипата на Марјан Илиевски со скратена ротација и со само седум кошаркари на терен победи втор натпревар по ред.

Последните 120 секунди беа вистинска драма, резултатот вистинска клацкалица, на 50 секунди пред крајот беше 68-67 со поени на Караџовски, а откако Шенчур во клучните моменти направи грешки, Караџовски и Јовановски со погодени слободни фрлања го решија победникот.

По натпреварот, тренерот Марјан Илиевски не го криеше задоволството од постигнатиот успех. Кажа дека е радосен што Пелистер се враќа од Златибор со две победи, затоа што тука се дошло со скратена ротација и со доста повреди.

-За мене, сепак, ова е гордост што ги победивме двата натпревари, иако беше невозможна мисија пред Златибор поради кратката ротација и сите проблеми, целта ни беше да го прикажеме најдобро што можеме и пред се да се вратиме здрави. Фала му на Бога, сите сме во добра здравествена состојба и радува сето тоа што го прикажавме како карактерна особина, пред се во одбраната. Заморот не стигна во третата четвртина, што беше очекувано поради кратката ротација, противникот ги казни нашите грешки со поени од транзиција. Имавме и проблеми со фаули, моравме да застанеме во зона и да ги заштитиме клучните играчи. Среќен сум затоа што мечот заврши вака и се надевам дека во иднина ќе продолжиме во ваков ритам и ќе добиеме симпатија од сите за она кое го играме и прикажуваме на терен, изјави Илиевски по натпреварот.

Најдобар на мечот кај Пелистер Мустафица со 17, Хаџифеговиќ со 16 и Караџовски со 13 поени. Нив ги следеа Карутерс и Сапунџиев со по 11 постигнати поени.

More from СпортMore posts in Спорт »