Екипите на ЈП “Стрежево“ од Битола продолжуваат со засилени теренски активности, со што Ски- центарот “Нижеполе“ престојната зима ќе добие нов, уште подобар лик. Се вршат сите технички подготовки и активности за непречен почеток и тек на престојната скијачка сезона на оваа скијачка патека со која стопанисува ова јавно претријатие од Битола.Се променија двете влечни јажиња на двата ски лифта, се уредува скијалиштето со сопствена механизација, се врши бојадисување на урбаната опрема, се вложува во градежни материјали за подобар визуелен изглед на чајџилницата, и се подобруваат хигиенските и санитарни услови во ски-центарот.
Целта на сите овие активности е создавање на модерно уреден простор со естетски карактеристики кои ќе придонесат за помасовна посета од страна на граѓаните. Љубителите на природата ќе можат уште повеќе да уживаат во убавините на планинскиот бисер Нижеполе.
“Стрежево“ и покрај сите предизвици продолжува да ги негува вредностите каде што грижата за граѓаните е наш основен приоритет во сите сегменти од работењето.

“Стрежево“ се подготвува за престојната зимска сезона
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес во 19 часот, на плоштадот “Магнолија“ во Битола, протест “Сите сме Јана“
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 10 степени
- По клубот и “Чкембарите“ со соопштение: оваа сезона за “Чкембари“ е завршена
- Саем за кариера и вработување, стратегија за локален развој и други активности иницирани од Локалниот економско социјален совет
- Паднал таванот во училишните тоалети во Медицинско, општинска комисија на терен, незначително повредена ученичка