Press "Enter" to skip to content

Студентите на УКЛО одржаа симулација на “Енергетски Самит“

 

Универзитетското студентско собрание при УКЛО во соработка со германската фондација ,,Фридрих Еберт” организира симулација на ,,Енергетски Самит” во амфитеатарот на Технички Факултет- Битола. На Самитот учество зедоа студенти од различни единици на УКЛО. Тие со голема сериозност дебатираа и се вклучија во постапки за носење одлукиво областа на енергетиката, во улога на креатори за одржливи решенија.

Од името на УКЛО на важниот студентски настан присуствуваа ректорот, проф. д-р Игор Неделковски и проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска.-Симулацијата се состоеше од три делa, прво, излагања на симулираните претставници на Владата, а потоа работа во групи и на крај дебатата во која се вклучи и публиката. Учествуваа студенти од повеќе единици на УКЛО од полето на енергетиката, медицината, ветерината, се носеа заклучоци, се споија факултетите, професиите и се анимираа студентите да учествуваат во развојни програми, рече Симона Наумовска, претседателка на Универзитетското собрание.

Придонес преку директно учество на самиот даде и директорот ЕСМ Васко Ковачевски кој рече дека ваквите симулации треба да се одржуваат колку може повеќе зашто младите луѓе треба да бидат дел од јавниот и реалниот сектор, да дадат свој придонес, а своето образование да го искористат овде во нашата држава, зашто ни се потребни. ЕСМ дава придонес во обучувањето на кадрите кои се потребни за енергетскиот сектор, па во таа насока е и добрата соработка и со Техничкиот факултет во Битола.На почетокот на самитот учесниците ги поздрави ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски кој го истакна дека го радува тоа што студентите самостојно го осмислија, организираа дури и најдоа финансии за овој настан, со меѓународна поддршка каде ја препознаа моментално најактуелна тема – енергетската криза и заштедата на енергија.

More from ВестиMore posts in Вести »