Ученици од оодделението II-5 од ОУ „Климент Охридски“- Битола остварија посета на СН Сообраќајниот центар во Битола како дел од наставната програма на тема „Запознавање со професиите“. Се работи за проект на наставничката Билјана Печипајковска која заедно со претставници на СН Осигурителен Брокер и СН Сообраќајниот центар, како и во придружба на образовен асистент, ги водеше учениците во едукативна обиколка. Учениците ги пречека Главниот извршен директор на СН Осигурителен брокер АД Битола, Зоран Пејчиновски, а на групната фотографија им се придружи и Претседателот на Одборот на директори на СН Осигурителен брокер АД Битола, Христо Кондовски.Александра Петровска, Даниел Паришко, Анета Шијакова и Елена Трачјевска Павловска од СН Осигурителен брокер на креативна работилница пред младите посетители ја претставија професијата осигурување, по што следеше дискусија за важноста на сигурноста на семејството и домот.
Во обиколка на Сообраќајниот центар ги водеше Благица Сековска, со што учениците се запознаа со сите содржини кои ги нуди центарот. При тоа тие можеа да видат каде се регистрираат возила и како се врши технички преглед на возилата, по што ги посетија и сервисот за автомобили и автопералната.–Се на се еден навистина возбудлив ден, и за учениците и за вработените во СН Сообраќајниот центар. Детските насмевки и задоволството на учениците го направија овој ден уште поубав. Им благодариме!“, изјавија по посетата од СН Центарот, нагласувајќи дека во рамките на стратегијата за општествена одговорност и во иднина ќе поддржуваат проекти од областа на образованието и развојот на младите.