Press "Enter" to skip to content

Уште еден мандат за д-р Невена Груевска да раководи со Македонското научно друштво Битола (фотогалерија)

Синоќа, во просториите на НУУБ “Св. Климент Охридски“ во Битола, Македонското научно друштво-Битола го одржа своето редовно изборно Собрание на кое присуствуваа голем број од членовите или како рекоа од Верификационата комисија на МНД, беа исполнети сите услови за одржување на ова Собрание.Пред да се одржи работниот дел на Собранието на присутите им се обрати ректорот на Универзитетот проф. д-р Игор Неделковски, поранешен претседател на МНД Битола, кој се осврна на почетоците на основањето на МНД и Универзитетот во Битола, за работите кои не биле случајни за формирање на овие две значајни институции за Битола.Неделковски го повика членовите на МНД Битола активно да бидат вклучени во Друштвото и преку своите трудови и гледишта да дадат придонес за развој на МНД и заедницата, секако секој во својата бранша, а додаде и дека меѓу нив има многумина кои не се со скромно знаење, туку со солидно знаење.По формирањето на телата со кои работеа проф. д-р Цветко Смилевски, д-р Никола Главинче и проф. д-р Ице Илиевски започна изборното собрание на кое прво престедателката, вонр. проф. д-р Невена Груевска, даде извештај за работењето на МНД Битола, како и финансиски извештај, при што го наброи сите актовности кои ги имале за време на пандемија преку он-лајн платформите и настаните во живо.Груевска нагласи дека и во тешко време имале многу активности и дека имаат позитивно финансиско работење. Во име на Комисијата за избор на нов претседател на МНД Битола, Ице Илиевски констатира дека има само еден пријавен кандидат, а тоа е вонр. проф. д-р Невена Груевска, која оваа функција ја извршуваше и во изминатиот двегодишен период. Груевска на јавно гласање беше едногласно избрана.Членовите на изборното Собрание на МНД-Битола, исто така едногласно изгласаа во наредниот двегодишен период, функцијата потпретседател на МНД- Битола да ја врши м-р Николче Трајчески, член на одделението за општествени науки.Со одлука на членовите на Собранието на МНД-Битола, избрани се и нов состав на Управен одбор, Уредувачки Совет, Надзорен одбор и Етичка комисија. 

Членови на новиот Управниот одбор на МНД се: Гоце Марковски, Ице Илиевски, Весна Карапетровска-Христова, Тања Струмениковска-Ристевска, Екатерина Михељкис, Жанета Сервини, Силвана Нешковска и Весна Калпаковски.Уредувачкиот совет го сочинуваат: Никола Главинче, Нико Јанков, Лидија Стефановска, Мимоза Богдановска – Јовановска и Марија Димовска – Котевска.Членови на Надзорниот одбор се: Моника Ангеловска-Дичовска, Лидија Ѓошева и Наташа Мојсова.  Членови на етичката комисија се: Мери Џарлиева, Емилија Сарафска и Билјана Марковска.