Јавното претријатие “Комуналец“ од Битола согласно планот и програмата усвоена од Советот на Општина Битола во тек е на извршување на сезонски- есенски активности на територијата на Општина Битола, со цел разубавување и зголемување на безбедноста.Екипи на “Комуналец“ за разубавување на градот извршија садење на сезонски расад од цвеќе од сортата “љубичица“ (Viola) во голема и мала жардињера пред стариот Безистен, а засаден беше нов дрворед од зимзелени садници од сортата “Sky Rocket“ по должината на улица “Солунска“.
Како тековна актовност која ја извршуваат екипите е метење и собирање на сув лист по должината на улица “Македонска Фаланга“.
Со цел заштита на безбедноста на граѓаните беше извршено сечење на суви дрвја и расчистување на суви гранки во населба “Кланица“.

ЈП “Комуналец“ со есенски-тековни активности, засадени цвеќиња и нов дрворед, собирање лисја и сечење суви дрвја
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 15 степени
- Битола, градот на клавирите, го одбележа Денот на пијаното (фото)
- Еурофарм Пелистер со соопштение: зошто натпреварот не беше прекинат или трибините испразнети?
- “Правда за Јана“ – најмасовен граѓански протест во Битола (фотогалерија)
- Општина Битола: партерно се уредува просторот кај Офицерски