Press "Enter" to skip to content

АД ЕСМ произведува електрична енергија со два блока од РЕК Битола 

Во моментот АД ЕСМ произведува преку два блока во РЕК Битола, еден блок во РЕК Осломеј, и хидроелектраните, кои се користат пред се за системски услуги. 

Со оглед на тоа што се произведува со три блока од термоектраните и со оглед на топлото време, конзумот се задоволува со наведените капацитети. 

ТЕЦ Неготино работеше во периодот додека се изведуваше ремонтот на Блок 1 во РЕК Битола, и со повторното вклучување на Блок 1 во системот, се создадоа услови за исклучување на ТЕЦ Неготино и вршење сервисни и ремонтни активности врз истиот со цел зајакнување на постројката, заради поголема довеерливот за следниот период,  кога потрошувачката ќе се зголеми и кога сите капацитети на ЕСМ ќе мора да бидат вклучени.