Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени дилер и крадец, физички напад, битолчанец се повредил со моторна пила, превентивни активности во Гимназијата

На 20.10.2022 во кругот на Клиничка болница Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода 23 годишник од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 20.10.2022 во СВР Битола, М.А. (25) од Битола пријавил дека на паркинг простор на ул.„11-та Македонска дивизија“ во Битола, по претходно недоразбирање околу сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.10.2022 на ул.„Широк Сокак“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола лишиле од слобода 69 годишно лице  од Прилеп. Тој се сомничи дека е сторител на кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ и при преглед кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела. Исто така, со судска наредба, во текот на денот бил извршен и претрес во неговиот дом во Прилеп и бил пронајден предмет кој потекнува од кривично дело. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.10.2022 во Полициската станица Демир Хисар, од Итна медицинска помош Демир Хисар било пријавено дека во с.Кочиште, демирхисарско, 48 годишник од Битола се повредил со моторна пила додека сечел дрва. Тој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување помош. Полициски службеници излегел на местото.

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола, заедно со полициски службеници од криминалистичката полиција од СВР Битола денеска (21.10) во битолската гимназија “Јосип Броз Тито“ реализираа едукативна работилница посветена на темата – “Злоупотребата на дрогата, насилството и сајбер булинг”. На работилницата на која што учествуваа ученици од прва година, полициските службеници во непосредна комуникација со средношколците ги презентираа различните форми на зависност и на насилството, како и начините за препознавање и за заштита од овие појави во и вон училиштата,. Исто така се говореше и околу сајбер булингот преку социјалните мрежи како потенцијален причинител на девијантни поведениа, вклучително и насилството.

More from ВестиMore posts in Вести »