Вечерва со кино “Манаки“ во Битола во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, се одржа на културно-научен настан “Битола мојот роден крај“ со промоција на книгата “Врвиците на зборот“ од проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, која ја промовира проф. д-р Катерина Петровска Кузмановска.Културно-научен настан започна со изведба на неформалнара химна на градот “Битола мој роден град“.
Културно-научен настан го отвори и на присутните им се обрати Пеце Милевски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, кој рече:
-Голем број на млади битолчани се отселуваат, но за жал не се враќаат во родниот град како професорката Вера Стојчевска – Антиќ кој се врати од Америка каде отвори голем број на македонски клубови и формира македонско-славистичка асоцијација. Се надевам дека поголен број на млади луѓе ќе ги предизбикаме, ќе најдат мотив и сила да се вратат назад во нашата татковина, да создаваат, да творат и да не почестат со вакви промоции за Битола.
Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Ангелка Диневска за оваа промоција рече:
-Ништо не случува случајно па и оваа промоција кога во кратко време се случија неколку работи значајни за македонскиот јазик. Со вакви промиции на значајни дела за македонскиот јазик ќе продолжиме да ја докажуваме својата автентичност како народ преку назначување на разликите кои ги имаме со другите култури и општетсва во ова навидум цивилизирано време. За да бидеме успешни во тоа ние мораме комплетно да го осознаеме и потоа да го промовираме творештвото на македонските автори. Проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ е битолчанка, припаѓа на генерацијата градски битолчани кои деството го врвеа по Драгоро, а средношколските денови во Горната Гимназија. Како матуранти таа и другарите се заколнаа дека по завршувањето на факултетите кои ги одбраа ќе се вратат во Битола, што најголем дел и го сторија.
Промоторот на книгата проф. Д-р Катерина Петровска Кузмановска, професор на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, доктор по филолошки науки – македонска книжевност, рече дека е пресреќна бидејќи професорката ја поканила да биде промотор вечерва, но и на сите во салата кои ми ја дадоа поддршката и одлично ме претставија вечерва.
-Со професорката доста добро и успешно соработувавме и се најдовме бидејќи дел од нејзините истражувања се токму средновековната македонска уметност и култура. Јас бев уредник на списанието “Македонски филклор“ каде таа доста објавуваше. Кога се зборува за оваа книга највредно е да се кажат неколку зборови од библиографијата на проферорката, родена во Битола, најмногу време поминала на филолошкиот факултет во Скопје, каде напредувала во сите рокови, а била и проректор на УКИМ, кога ги активирале врските со Америка, за да се разменуваат искуствата помеѓу наичниците. Таа станува препознатлива со нејзнината научна работа која е претставена со многу научни трудови.
Инаку, проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ е една од најплодните македонски автори чија област на истражување е средновековната македонска книжевност. Истовремено припаѓа на најголемите македонски лингвистичари кои своите истражувања ги промовира низ светот. По нејзините книги посветени на животот и делото на Блаже Конески „Мојот професор пророк“ и „Вековит светилник“ посветен на монашкиот живот во Бигорски манастир и Рајчица, Стојчевска Антиќ го сврте својот фокус кон родниот град Битола. Поради своето огромо научно, истражувачко и општествено дело Вера Стојчевска Антиќ е ностител на бројни национални награди, а во 2014 година ја доби и наградата „4-ти Ноември за животно дело“.

Kултурно-научен настан “Битола мојот роден крај“ со промоција на “Врвиците на зборот“ од Вера Стојчевска-Антиќ (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Другарство и кабадајлук “high-level“, од Битола, Прага и Лондов дојдоа во Германија како изненадување за роденденот на другарот (фото)
- Деновиве пред 10 години: започна реконструкцијата на Ајдар-кади џамија во Битола – “Принцезата на Балканот“ (фото)
- Заврши вонредниот инспекцискиот надзор во битолската болница
- Трет координативен состанок на проектот “Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари – СОЛВЕ“
- Во Офицерски дом неделава шах за ветерани, изложба на словенечки уметници и концерт на Камерниот оркестар