Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: сообраќајка на превојот Ѓавато кај “Чешмите“, малолетник каснат од куче скитник

На 21.10.2022 во 10.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Ресен-Битола, после место викано “Чешмите“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило “рено талисман“ со хрватска национална ознака, управувано од 39 лице од Република Хрватска и патничко возило “опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 34 годишна жена  од Битола. Во несреќата , битолчанската, возачот на “опел корса“  се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

На 21.10.2022 во 22.20 часот во Полициската станица Битола, Е.Д. (36) од Битола пријавил дека на у л.„25“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. 

More from ВестиMore posts in Вести »