Press "Enter" to skip to content

Двете екипи на Еурофарм Пелистер победија во Скопје, “поискусните“ потешко

Пролет – Еурофарм Пелистер 23:24 (12:11)

Екипата на Еурофарм Пелистер по -5 гола дојде до победа на гостински терен кај Пролет (23;24) во рамки на седмото коло од групата “А“ во Суперлигата. Пелистер започна со предност од 1:4, а потоа беше изедначено 8:8. До паузата “пелистерци“ не можеа никако да се одлепат, а Пролет на полувреме замина со еден гол позитива 12:11.

Дуелот беше близу се до резултат 18:16 во второто полувреме, а потоа домашниот тим дојде до највисоки пет гола позитива (21.16). “Пелистерци“ некако успеаја да се извадат од црната дупка и серија од три гола дојдоа на 21:19. Потоа беше 22:20, а Танковски со првиот гол на мечот го донесе Еурофарм Пелистер на 22:21. Лесјак потоа фати топка, а Хосни донесе 22:22. Во завршницата беше 22:23, а победата на Пелистер ја донесе данското засилување Хенеберг, со гол за 22:24, а на крај беше 23:24.

Најдобар на натпреварот беше Хосни со шест гола, пред Костевски со четири реализации, а голманот Урбан Лесјак фати дванаесет топки.

Јуниор Кисела Вода- Еурофарм Пелистер 28:33 (12:19)

Момците на Александар Јовиќ запишаа лесна победа на теренот на Јуниор Кисела Вода во натпревар во кој тргнаа енергично и брзо поведоа со 1:5. На половина полувреме веќе беше 6:12. На одмор се замина во високи 12.19 за “пелистерци“. На почетокот на вториот дел серија на голови за битолчани по што јасно беше дека натпреварот нема да се претвори во дуел со драматичен финиш. Јуниор Кисела Вода стигна само да го ублажи поразот и натпреварот заврши со финални 28-33. Најефикасни кај Еурофарм Пелистер 2 беа Белистојановски со шест, Петар Атанасијевиќ со пет и Митревски и Талевски со по четири погодоци.

More from СпортMore posts in Спорт »