-Во октомври 2012 година, битолчани а меѓу нив и јас имавме прилика да присуствуваме на свечен црковен чин, на свечената литургија, осветувањето на иконата и одржувањето на
свечената литија низ улиците на Битола со што беа канонизирани 40-те битолски преподобни маченици, започна со своите сеќавања за настаните кои ги има забележано во својот новинарски бележник, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Во црквата “Св. Димитрија“ пред број на верници, канонизацијата на светителите започна со света божествена литургија на која чиноначалствуваше Архиепископ Стефан, а потоа следуваше свечена литија по улиците на градот каде беше претставена иконата на 40-те битолски маченици. Канонизацијата беше направена дури седум века по нивната смрт.
-Во втората половина на 14. век османлиските војски при засемањето на Битола, наишле на жесток отпор од страна на населението. Триесет и деветте монаси од манастирот “Св. Георги Победоносец“ и од други манастири го храбреле народот да се бори за верата, со божја промисла ги преживеале страшните зулуми на Османлиите.
Тие се повлекле во манастирот “Св. Георги Победоносец” каде биле заробени. Османлиите почнале убедуваат да се откажат од Христовото учење ветувајќи им слобода, голема чест и земни богатства. Еден Турчин, по име Хасан, преведувач, трогнат од духовната длабочина и смирението на 39. маченици своето Мухамеданско верување да го промени во христијанското православие и така биле 40 мина.
Во местото викано “Кркардаш“, над населбата Баир, на деветтиот ден од поробувањето, во март 1385 година Османлиите им ги отсекоа главите на 39-те битолски маченици и на Турчинот Хасан и нивните тела ги расфрлиле по планината Пелистер, како храна за шумските ѕверови, се со цел да се уништи споменот за нив. Но, тој не само што не се уништил, туку местото “Кркардарш“ станало свето место, кое верниците постојано го посетувале, а подоцна е изградена црква која денес го носи името “Четириесет битолски маченици”.
Сите верници треба да го негуваат култот кон светите 40 битолски преподобни маченици и денот кога се вброија во списокот на светите, а настанот е историски, кој ги велича вредностите на духовното како наше најголемо богатство, беше речено на канонизирањето.
Светата икона на литијата низ улиците на Битола ја носеа Кире Божиновски, Горан Милевски, Ламбе Алабаковски и Александар Најдовски, а верниците нивниот пат го опсипуваа со цвеќиња.

Деновиве пред 10 години: во Битола 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Другарство и кабадајлук “high-level“, од Битола, Прага и Лондов дојдоа во Германија како изненадување за роденденот на другарот (фото)
- Деновиве пред 10 години: започна реконструкцијата на Ајдар-кади џамија во Битола – “Принцезата на Балканот“ (фото)
- Заврши вонредниот инспекцискиот надзор во битолската болница
- Трет координативен состанок на проектот “Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари – СОЛВЕ“
- Во Офицерски дом неделава шах за ветерани, изложба на словенечки уметници и концерт на Камерниот оркестар
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес во 19 часот, на плоштадот “Магнолија“ во Битола, протест “Сите сме Јана“
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 10 степени
- По клубот и “Чкембарите“ со соопштение: оваа сезона за “Чкембари“ е завршена
- Саем за кариера и вработување, стратегија за локален развој и други активности иницирани од Локалниот економско социјален совет
- Паднал таванот во училишните тоалети во Медицинско, општинска комисија на терен, незначително повредена ученичка