Според последните ивестувања на медиумите полицијата е успешна и во последните 4 месеци во координирани акции на СВР и ОЈО приведени пред законот 65 дилери на дрога. Но најголем дел од нив биле малолетни лица. Ова го подигна алармот дрогата и превенцијата. Проблемот е комплексен и бара вклучување на повеќе чинители.
Бидејќи полицијата со т.н реперсивен модел има најголемо влијание, но и тука има ограничени можности и не го решева проблемот. (Се смета дека полицијата и царината здружени можат да тргнат од пазарот околу 20 – 25 проценти од дрогата која се дистрибуира на младите. Бидејќи преостаната количина стигнува на пазарот, тука се прави еден тврдокорен затворен круг кој има способност на самоодржување кој бара анализа од друг аспект). Со репресивниот модел, пристап на „намалена понуда“ кој е многу важен, но т.н „намалена побарувачка“ е многу позначачајна и има многу повеќе потенцијал и прашањето
Како да влијаеме на младите да тие сами не сакаат да посегнат по дрога ?
Адолесценцијата е период со зголемен ризик за појава на болести на зависност кај младите Дрогата со катастрофални последици по психофизичкото здравје и трагични случаеви на млади кои посегнале по дрога и изгубиле животи од труење со преголема количина на дрога. Психолошката и физиолошката зависност што ce создава при употребата на повеќе дроги, доведува до многу посериозни здравствени, социјални и финансиски проблеми. Притоа, стигматизацијата од средината го тера наркоманот да ce приклучиво исклучиво на својата група. Високата цена на дрогата и другите финансиски тешкотии околу нејзината набавка водат често до криминал и до деликвентно однесување.
Примарна специјална превенција
Едниот пристап во специјалната превенција тргнува од тоа дека најдобро е на младите да им се даде информација и да и се објасни колку дрогата е опасна и штетна. Во пракса тоа е т.н примарна превенција која вклучува едукативни предавања низ основни и средните училишта за тоа кои видови дрога постојат, како делуваат, колку се штетни. Преку еден физички и психолиошки пристап, да изградат здрав став во однос на проблемот за кој ce зборува. Овој принцип е засновен на идеја за вакцинација, да им се пријде на младите пред да бидат изложени на дроги и информации за дрога, при што да им се даде права информација со која ќе бидат отпорни на нудење на дрога, ако се најдат во таква ситуација. Овој пристап не е доволно ефикасен (спрема некои истражувања)заради тоа што треба да се земе во предвид:
Одржувањето предавања т.н од „катедра“ и заплашувањето во однос на последиците можат да ja зголемат таинственоста и привлечноста на дрогата.
Исто така постои моожност да кај ризични групи млади пробуди интерес да пробаат некои дроги. Значајно е тоа информациите кои им се нудат треба да:
-ги поттикнуваат на размислување и да формираат став во поглед на средството на зависност;
-многу покорисна од информацијата за последиците и за штетноста од дрогата е исцрпната и отворена дискусија за мотивите,
-за причините поради кои младите луѓе почнуваат да користат средство на зависност.
Таквата дискусија може да му помогне на секој поединец да го извлече на површина потиснатото, да ги подели своите проблеми со другите, да почувствува дека и другите имаат слични тешкотии, па потоа да почне да размислува за алтернативните начини на разрешувањ е на своите тешкотии, наместо да бега од реалноста и проблемите во краткорочно олеснување што го ветуваат средствата на зависност.
Другиот пристап поаѓа од улогата на дрогата во емотивниот живот на личноста која ја зема. Познато е дека дрогата се супстанции кои влијаат на емоциите, било да нивното влијание „помага’ на личноста да се ослободи од непријатни чувста и расположенија. Било да единствено под нивно влијание личноста може да почуствува многу пријатни чувства. Со други зборови оние кои се дрогираат, во тоа наоѓаат „емотивна корист“за себе. (На пример ако некоја личност заради својата животна ситуација полна со тешкотии и ако сфати дека подобро се чувствува ако се напие алкогхол, таа може да стане алкохолчар. Ако престане да пие, нема веќе да биде алкохоличар, но ќе остане личност со истите чувства и провлеми од кои „спас и бегтсво“ бара во алкохолот.)
Превентивни стратегии што ce движат во рамките на емоционално-афективниот домен на личноста. Тоа ce на пример:
-методот што ветува најмногу е оној што ce базира на оспособувањето на личноста да ce спротистави на притисокот од страна, со оглед дека е тој најчестата причина за започнување и за користење на средства на зависност по наговор на останатите, односно конформирањето со нормите на групата на која и припаѓа лицето;
-градењето сопствен систем на вредности и модели на живеење ш то го исклучуваат потпирањето на средствата на зависност, увежбувањето за донесување одлука и за решавање на проблемот;
-создавање социјални вештини на однесување и контактирање со другите;
-најдобра „вакцина“ против употребата на средства на зависност кај адолесцентот е поволното мислење за себеси и високото самопочитување;
– подигнувањето на самопочитувањето, за кое е емпириски докажано дека е во обратна корелација со почетното користење на дрогата;
Се смета дека нема подобра превенција од онаа кога на учениците им се објасни оваа психолошка „игра“,на оној кој наговара „навалува“ и оној кој одбива дрога, а потоа тие се меннуваат во улогите. Не само што ги подготвува на веројатно релна ситиација, туку ги учи на психологија и социјални вештини. Основен услов за успешност на примарната превенција е да ce почне со неа најдоцна до крајот на осумгодишното училиште, a подобро е и порано.
По завршувањето на осумгодишното училиште, кога зачестеноста на употребата на дрога е веќе висока, може да ce размислува само за секундарна превенција односно за одвикнување, бидејќи тогаш е доцна за примарна превенција.
(Секундарната превенција на младите зависници ce реализира во специјални диспанзери и во клубови низ организирана медицинска, психолошка и социјална терапија и со примена на соодветни методи на работа.Во превенцијата на наркоманијата, во нашата држава ce преземени сериозни активности за сузбивање на употребата на дрога)
Заклучок
Општиот првентивен пристап треба да е усмерен на учење на младите како да се носат со својата животна ситуација, своите проблеми, како изградат позитивна слика за себе, самопочит, стекнат социјални вештини, да станат успешни и во сето тоа да имаат поддршка. На тој начин ДРОГИТЕ НЕМА ДА ИМ БИДАТ ПОТРЕБНИ!!!