Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Пеце Цветковски – Џигер

Во Битола на 69 годишна возраст во Битола почина Пеце Цветковски – Џигер, познат спортски работник од Битола, соoпштија од кошаркаркиот клуб Пелистер од Битола.

Цветковски битолчани ќе го паметат како голем спортски работник во кошарката, кој бил член на повеќе управи на кошaркарскиот клуб Пелистер.

Иако долги години имаше влошена здравствена состојба, сепак Цветковски можеше да се види на трибините кога настапуваше Пелистер, како го бодри својот Пелистер, тимот каде помина многу години, во кој извршуваше повеќе спортски функции.

Цветковски еден период беше дел и од скијачкиот клуб Пелистер.

Својата професионална работна кариера ја заврши во поранешното претријатие “Водостопанство“ од Битола, а работел и неколку други битолски претријатија.

Опелото и погребот на Пеце Цветковски – Џигер беше извршено денес на Светонеделските гробишта во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »