Денес, вторник, 25 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 25 степени.
Утре, среда, 26 октомври, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 25 степени.