По повод патрониот празник и одбележувањето на 102 години од раѓањето и 80 од смрта на Стив Наумов ОУ “Стив Наумов“, Битола започна со целонеделни активности. Денес се реализира крводарителска акција на која крв даруваа наставници, родители на која масовноста беше голема.
Се одиграа и спортски натпревари, а главниот настан ќе се одржи на 27.10.2022 во Центарот за култура голема сала во 19 часот.Директорот Никола Пискачев јавно се заблагодари за реализираните настани за големата соработка со наставниците родителите и сите кои учествуваат и ги повикува сите да присуствуваат на главната манифестација.
Стив Наумов ликот и делото заслужува да биде достојно одбележан, порачаа од ОУ “Стив Наумов“.