Press "Enter" to skip to content

Општина Битола објави јавен повик за предлог програми и проекти за програмата од областа на спортот и младите за 2023

Општина Битола го објави јавниот повик за доставување на предлог програми и проекти за Програма за активностите од областа на спортот и младите во Општината Битола за 2023 година.

Општината ќе ги поддржи манифестациите, програмите и проектите кои се во насока на развој, популаризација на спортот и учество на младите во достојно репрезентатирање на можностите и потенцијалите на општината. Предлог активностите кои се предвидени во програмата се поделени во 5 основни ставки чиј содржински концепт ќе биде во следниве области:

-Поддршка и унапредување на спортот, спортските клубови/здруженија и индивидуални спортисти кои егзистираат на подрачјето на Општина Битола

-Поддршка и развој на училишен спорт со реализирање на спортски активности и систем на натпревари на учениците

-Поддршка на рекреативни активности на граѓаните и рекреативни активности на лица со посебни потреби

-Поддршка на традиционални манифестации, хуманитарни манифестации и манифестации од особен интерес на општина Битола

-Поддршка на дополнителни програми и проекти на останати спортски организации и спортски друштва кои се од интерес на Општина Битола

Повеќе детали за јавниот повик може да најдете на следниот линк:

https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-sport-2023/