Press "Enter" to skip to content

Општина Битола ја објави програмата за прослава на Денот на ослободувањето на градот

Во пресрет на Денот на ослободувањето на градот – 4 Ноември, општина Битола, подготви програма со различни настани низ кои се презентираат значајните и традиционалните вредности на градот, низ културно – забавни, спортски, литературни, филмски и театарски содржини. Со цел, поттикнување на детската креативност и ентузијазам, како и вклучување на најмладите во празничните активности, четвртоноемвриската програма, содржи програмски содржини и за најмладите.

Настаните од програмата започнуваат од утре во 20.00 часот, во Кино „Манаки“, со проекција на филмот „Градот Битола – родоначалник на подвижните слики на Балканот“, а следните денови продолжуваат со Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“, Фестивалот на мала школа на краток и филм и други настани. Во Битола ќе гостува и Театарот за деца и младинци со претставата „Некој нека ми каже колку сум важен“, а во детскиот дел, најмладите ќе можат да ја погледнат и детската претстава „Јованче и Марика“ на театар Бабец од Битола. За овие две претстави бесплатни влезници, може да се набават од утре во Офицерскиот дом, секој ден од 8 до 19 часот.Битола има голем број талентирани музичари, културни уметници и спортисти. Токму затоа, оваа програма опфаќа дел од нив преку организација на спортски натпревари: велосипедска трка, кугларски турнир, фудбалски натпревар, традиционалната ноќна атлетска трка, настап на Дувачкиот оркестар на Битола, како и настап на Битолскиот симфониски оркестар, но и учество на млади музичари.

Промоцијата на книгата „Музика“ на професорот Александар Стерјовски е дел од од музичкиот маратон, кој ќе се одржи на 5 ноември по повод 75 години од основањето на Државното музичко училиште во Битола. Ликовната уметност, исто така е дел од празничната програма, а низ јавни дискусии на сите релевантни субјекти, ќе се разговара за проектите кои се поврзани со визијата за развој на Битола, урбаната мобилност и претприемништвото.

Доделувањето на наградите ќе биде на 4 ноември, на посебна свеченост низ која на уметнички начин ќе биде отсликана историјата и културата на Битола.

Настаните по повод 4 ноември, ќе се одржуваат до 23 ноември.

More from ВестиMore posts in Вести »