Press "Enter" to skip to content

“Преземи акција за искоренување на полиото засекогаш” трибина на Ротари Клубот Битола Широк Сокак (фото)

Во амфитеатарот на Високата Медицинска Школа во Битола се одржа трибина на тема “Преземи акција за искоренување на полиото засекогаш” во организација на  Ротари Клубот Битола Широк Сокак.На почетокот во уводнито дел зборуваше Наташа Несторовска, која рече:-Трибина насловена “Преземи акција за искоренување на полиото засекогаш”, во организација на Ротари Клубот Битола Широк Сокак во соработка со Високата Медицинска Школа од Битола и на неа ќе имате прилика да проследите информации за тоа што значи оваа болест и што Ротари заедницата во светски рамки има направено за искоренување на оваа болест, ќе се запознаете со активностите на Ротари Клубот Битола Широк Сокак и Ротар Акт Клубот Битола Широк Сокак. Исто така преку презентација од Доктор Рајчановска, ќе имаме можност да се запознаеме со оваа болест и превенција од истата.-Ротари клубот Битола Широк Сокак традиционално неколку години со ред организира настани од овој тип,  по повод одбележувањето на 24-ти Октомври – Меѓународниот ден на борба против полиото (детската парализа). Целта е на овој начин клубот да даде свој придонес во правец на едукација на студентите, пошироката заедницата за неопходноста од имунизација – вакцинирање со сигурни и ефикасни вакцини, со цел спречување на заразување со  Poliomyelitis, полиовирус, вирусот кој ги напаѓа децата на возраст под 5 години.Ротари е меѓународна организација на луѓе кои се лидери во своите заедници, кои се обединуваат и превземаат активности со цел создавање позитивни промени во светот.  Денес Ротари брои повеќе од 1,4 милиони членови распоредени во 46,000 клубови во целиот свет кои обезбедуваат средства и проекти во насока на намалување на сиромаштијата, гладот, спречување на болести, описменување, како и проекти од областа на заштита на животната средина. Огромен е придонесот на Ротари заедницата во искоренување на полиото (детската парализа) во светот.Почнувајќи од 1988 година преку Глобалната Иницијатива за искоренување на полиото до денес вакцинирани се 3 милијарди деца во 122 земји. Фактите зборуваат дека Фондацијата на Rotary International донираше повеќе од 2,4 милијарда долари и безброј волонтерски часови за оваа намена. Овие бројки зборуваат за извонредниот придонес на  Ротари за искоренување на полиото во светот. Оваа година Претседателката на Ротари интернационал Џенифер Џонс, објави дека се обезбедени дополнителни 150 милиони УСД за цели на искоренување на полиото, рече Претседателката на Ротари Клубот Битола Ширк Сокак, Билјана Ванчевска.На трибината зборуваше проф. д-р Домника Рајчановска на тема “Детска парализа”, која сподели факти и податоци кои е потребно да ги знаеме со цел да се заштитиме од оваа тешка болест.

More from ВестиMore posts in Вести »