Press "Enter" to skip to content

Отворена изложба фотографии за “БитФест 2022“ од авторот Сашо Ристевски (фотогалерија)

Фоторепортерот Сашо Ристевски синоќа во свечената сала на Офицерски дом во Битола, промовира изложба на фотографии инспирирани од културните настани кои летоска се одржаа на културно лето “БитФест“ кое се одржа ова лето во Битола.Станува збор за над 200 авторски фотографии селектирани од 8.000 фотографии од архивата на порталот “Bitolanews“ чија редакција во присуство на градоначалникот Тони Коњановски.-Познато е дека Битола е град со многу вредности и реткости, историски но и актуелни случувања кои најдобро се чуваат со фотографии. За „БитФест“ сведочат фотографиите на Сашо Ристевски, фоторепортер чиј портал “Bitolanews“ секојдневно и секоја година континуирано го следи фестивалот во кој се застапени повеќе фестивали, но и други културно уметнички содржини, рече меѓудругото градоначалникот Коњановски прогласувајќи ја изложбата за отворена.Изложбата ја отвори дитректорката на Центарот за килтура во Битола, Лили Бошеска, која ја нагласи дека форографиите ќе останат траен спомен за тоа што се случуваше на неколку локации низ Битола, на летниот фестивал “Битфест“, кој сите заедно продонесоа за едно успешно издание, пред годинашното јубилејно 15. фестивалско лето.-Фотографиите се големо богатство и затоа треба грижливо и стручно да се чува. Нашиот портал “Bitolanews“ ќе покрене иницијатива за чување и депонирање на фотографии во битолскиот Архив, а првите подарени ќе бидат токму од оваа изложба која содржи фотографии од 8 фестивали и околу стотина културни настани, кои беа составен дел на битолското културно лето „БитФес“, истакна авторот Ристевски.Во таа насока на отворањето на изложбата зборуваше и Ацо Кимовски од Архивот од Битола која рече иницијативата е одлична и деќа се надева и другите фотографи и фото репортери дел од своето творештво ќе предадат на Архивот на чување, а тоа грижливо ќе се чува и ќе биде едно наследство за идните генерации битолчани и вљубеници во фотографијата.Фото изложбата „БитФест 2022“ на авторот и фоторепортер Сашо Ристевски ќе биде отворена за сите посетители на Офицерскиот дом, потврди директорката Лили Бошевска.