На 27.10.2022 во 13.25 часот во СВР Битола е пријавено дека во 05.00 часот во ЈП-Македонски шуми подружници “Кајмакчалан“ во Битола бил пронајден повреден вработениот Б.Ј.(61) од Битола и бил пренесен во Клиничката болница Битола каде лекар му констатирал тешка телесна повреда. За настанот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управувaат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 23 возачи. Од нив 14 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а девет надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.