Како дел од програмата, по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, синоќа беше отворено 30 издание на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“. Фестивалот го отвори заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, кој нагласи дека, годинава публиката ќе има можност да проследи 25 филмови од 11 различни држави, односно 11 различни филмски култури и продукции.-Натреварувачкиот карактер на овој фестивал според мене е чисто од мотивациски аспект бијдеќи сите прикажани филмови ќе бидат победници, зашто сите ќе ја кажат својата приказна и ќе ја пренесат својата порака до публиката, онаа за која биле наменети. Богатата филмска понуда на овој веќе традиционален културен настан ќе ги почести љубителите на филмската продукција и ќе им даде можност да ја збогатат својата филмска ризница, тука во Битола ќе имаат можност да сведочат на светска култура која што ќе ги обиколи и другите филмски сцени низ Европа и Светот. Фестивалот на аматерски документарен филм Камера 300 во чест на прославата на 4 ноември – Денот на ослободувањето на Битола е симболичен, но и силен културен импулс не само на културната сцена во нашиот град туку и пошироко во рамки на државата и надвор од нејзините граници, рече заменик градоначалникот Бојкоски.
Жири комисијата на фестивалот, одлучи највисоката награда гран-при, наградата „Плакета Милтон Манаки“ за најдобар филм на фестивалот, да ја додели на филмот „Охридските хотели – Хотел Радиќ“, на авторот Љупчо Паунковски.

Гран-при наградата “Плакета Милтон Манаки“ на фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ за Љупчо Паунковски
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес во 19 часот, на плоштадот “Магнолија“ во Битола, протест “Сите сме Јана“
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 10 степени
- По клубот и “Чкембарите“ со соопштение: оваа сезона за “Чкембари“ е завршена
- Саем за кариера и вработување, стратегија за локален развој и други активности иницирани од Локалниот економско социјален совет
- Паднал таванот во училишните тоалети во Медицинско, општинска комисија на терен, незначително повредена ученичка
More from КултураMore posts in Култура »
- Во четврток отворање на изложбата “Колку прекрасно!“ на Мирослав Масин, од колекцијата на фамилијата Филевски
- Промоција на книгата “Детски песни за учење лесни“ од Ирена Цветкова
- “Баница 1903 – стратегот на Македонскиот универзум“ е ново книжевно дело на Зоран Пејковски
- Во Битола ќе се слави светскиот ден на пијаното
- Заврши 3. издание на “Ден на пијаното“