Од денес, сабота, 29 октомври 2022 година, благодарение на поддршката што ја добивме од Општина Битола ги започнавме подготвителните активности за обнова на “Копанки“, кои опфаќаат транспорт на градежни материјали до самиот планинарски дом.
Учество зедоа 20 – тина членови на ПСК Пелистер и неколкумина други наши сограѓани.Активностите за обнова на “Копанки“ продолжуваат и во текот на утрешниот ден, па ова нека биде и повик до сите битолчани кои се желни да помогнат и да дадат свој допринос.
Утре недела, 30 октомври, стартуваме исто како и денес во 8 часот од пред хотел “Молика“, соопштуват од ПСК Пелистер.