Press "Enter" to skip to content

Одвојкарките со нова, убедлива, победа во Битола, втора по ред (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Куманово 3:0

(25:09; 25:10; 25:09)

Синоќа во салата на Медицинското училиште во Битола, сениорска екипа на Пелистер Волеј, оствари убедлива победа против екипата на Куманово со максимални 3:0 по сетови, во натпревар во кој иако немаше многу убавина и жар, поради евидентната разлика во квалитет на екипите, а кај “пелистерки“ шанса добија повеќе кадетки и пионерки.Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски, за овој натпревар вели:

-За нас не постојат мали и големи победи и секоја победа е еднакво вредна, а затоа секоја екипа мора максимално да се почитува и респектира. За истакнување е феноменалната партија на нашиот техничар Билјана Јаковлевска, како и дебитантскиот настап во сениорска лига на средниот блокер Ева Мијакова со чиј поен заврши првиот сет, како и дебитантскиот настап на техничарката Ива Лазаревска која пак учествуваше во организација на последниот поен во вториот сет, двете од нашата пионерска школа.Поените ги освоија: Емилија Бицевска 11, Ивана Белокозовска 8, Анастасија Ристевска 7, Стефани Најдановска 6, Билјана Јаковлевска 4, Марија Ристеска 4, Лиле Лозановска 4, Василиче Наумоска 3, Ирина Трајковска 2 и Ева Мијакова 1.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »