Press "Enter" to skip to content

ОУ “Стив Наумов“ од Битола со повеќе активности го прослави патрониот празник (фотогалерија)

Во насока на почитување на традицијата и зачувување на споменот на патронот Стеван Наумов-Стив, училиштето кое во Битола го носи неговото име, оваа година одбележа два значајни јубилеи: 102 години од раѓањето и 80 години од смртта на народниот херој Стив Наумов.Директорот на ОУ „Стив Наумов“ од Битола, Никола Пискачев, за оваа прилика истакна дека биле предвидени повеќе активности во текот на целата работна недела, а започнале со собирната акција на храна за семејствата од ранлива категорија.Била реализирана крводарителска акција организирана од Црвениот Крст- екипата за трансфузиологија, а донатори биле вработените во основното училиште, но и родители и соработници. Акцијата според претставниците од Црвениот Крст била една од поуспешните според бројот на донатори и релаксирачката атмосфера во која се одвивала истата.Во истиот ден се реализирале и спортските активности, преку пријателски натпревари меѓу основните училишта, поточно ОУ „Климент Охридски“ и ОУ „Стив Наумов“, во одбојка, со машките и женските тимови.Во четвртокот, ученици со наставниците по историја одржале историски час и положиле цвеќе пред споменикот на Стив Наумов и спомен куќата на народниот херој, која е во непосредното соседство на училиштето. Заедно со делегација на Сојузот на борците од народноослободителната борба, цвеќе било положено и пред споменикот на Стив Наумов во центарот, пред Офицерскиот дом.Централната манифестација, односно, свечена пригодна програма, се одржа во големата сала на Центарот за култура. Преку еден посебен спој на училиштниот хор и гостинот, тенорот Нико Ѓоргиевски, кој е внук на Надежда Ѓоргиевска, некогашна наставничка во училиштето и авторка на поемата за Стив, која вечерта била изведена од Нико Ѓоргиевски, им се оддала посебна почит на сите колеги кои својот работен век го поминале во ова училиште и во најблагородната професија, да се образува и подигне детската личност.Промовиран бил и документарниот филм за Стив Наумов, “Херој на сите времиња“, дело на ученикот Давид Козаров, а особено значаен проект бил филмот: “Успешни приказни на наши некогашни ученици“- кратки изјави на успешни личности кои поминале низ клупите на ова училиште.На истата манифестација биле доделени и наградите од литературниот и ликовниот конкурс кој оваа година имал државен карактер и на кого биле поканети и збратимените училишта ОУ „Стив Наумов“од Скопје и ОУ„Мите Богоевски“ од Ресен.На литературниот конкурс наградите ги понеле: I место: Бојан Бошевски – ООУ „Тодор Ангелевски“ II место: Калина Андреевска – ООУ „Стив Наумов“ III место: Ивана Крстевска – ООУ „Стив Наумов“ , а на ликовниот: I место: Филип Макаријоски – ООУ „Тодор Ангелевски“ II место: Андреј Митровски – ООУ „Стив Наумов“ III место: Михаела Поповска – ООУ „Коле Канински“.Забавната програма ја сочинувале точки од сите активи, со помош на наставниците-ментори вклучени во воспитно-образовниот процес, но и со голема поддршка од родителите. На сцената продефилирале околу 250 ученици со своите наставници, со кореографија, драматизација, музички точки. За оваа пригода, големата сала на Центарот за култура била мала, поканетите гости, сите пријатели и поддржувачи, роднини, добронамерници го исполниле и последното место, што особено ги израдувало организаторите. Директорот Никола Пискачев дал ветување дека в година ќе се направи напор и за оние кои останале надвор и не биле во можност да ја следат програмата дека ќе се направи уште поголема манифестација, затоа што учениците го заслужуваат тоа.Ќе следуваат состаноци со сите помагатели на училиштето, доделување на благодарници за нивната досегашна поддршка и помош, но и благодарност за препознавањето на квалитетот кој се гради низ годините и заедничкото инвестирање во истиот.

More from ВестиMore posts in Вести »