Пелистер – Беласица 1:0 (1:0)
Во рамките од 10. коло од Втората фудбалска лига екипата на Пелистер не доволи изненадување во Битола, каде под Тумбекафе ја победи екипата на Беласица со резултат 1:0, полувреме 1:0.
Стрелец на единствениот гол за Пелистер беше Никола Наумоски, пред крајот на првиот дел во 43. минута.
По 10. коло екипата на Пелистер се наоѓа на 5. место на табелата со 20 освоени бодови. Лидер на табелата е Гостивар со 24, следуваат Воска со 23, Вардар со 22 и со исто бодови колку и “пелистерци“ Детонит.