Денес, недела, 30 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 22 степени.
Утре, понеделник, 31 октомври, во Битола, времето ќе биде претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 23 степени.