Press "Enter" to skip to content

Иван Сапунџиев: заедно со публиката вечерва до петтата по ред победа во низа

По четири врзани победи по ред, две во АБА 2 лигата и победите против скопските ривали Работнички и Навико ФМП Академија се добра најава за денешниот кошаркарски натпревар во Битола, кој во 18,30 се игра во салата “Боро Чурлевски“ во Битола.

Новајлијата во тимот од Битола, Иван Сапунџиев верува дека тимот само ќе напредува како времето одминува.

-Имавме малку потежок старт поради повреди и поразот на гостински терен во Гостивар. Сепак, ја пребродивме оваа ситуација, врзавме битни победи на „балонот“ од АБА2 и на гостувањето кај ФМП Академија. Сега ни доаѓа нов прволигаш, екипата на Струмица. Сепак, ние играме на домашен терен и се надеваме дека со помош на навивачите ќе извојуваме победа. Верувам дека имаме уште многу простор за напредок, како индивидуално, така и тимски. Се надевам дека од ден на ден ќе бидеме само подобри, рече Иван Сапунџиев.

More from СпортMore posts in Спорт »