Од вкупно 819 тестирања во последните три дена, од 28 до 30 октомври 2022, регистрирани се 71 нови случаи на КОВИД-19. Како што соопшти Министерството за здравство, од новите позитивни на коронавирус во Битола се 2.
Од вкупно 86 оздравени пациенти во Битола се 8.
До сега во Битола има 17.991 лица позитивни на ковид-19, а активни се 7 случаи.
Во текот на изминатите три дена не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од “Мој термин“, не се пријавени починати лица.
Направени се во Битола 21 тест преку ЦЈЗ Битола 20 и преку “Плодност“ 1.
Досега во земјата се направени вкупно 2.183.292 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.146, бројот на оздравени пациенти е 334.335, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 247.