Денес во хотелот “Милениум“ во Битола, како дел од Програмата по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, во организација на Младинскиот културен центар, во рамките на Европската недела на претприемништво, се одржа јавна дискусија на тема „Поддршка на локалниот бизнис за развој на туризмот“.На настанот зедоа учество претставници од Универзитетот „Свети Климент Охридски“, претставници од локалните мали и средни претпријатија и иновативни бизниси, граѓанскиот сектор и други локални чинители. Присутните ги поздрави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој рече:
-Поддршката на претприемништвото, воведувањето на иновативен пристап во бизнисите и успешната реализација на бизнис идеите, се особено значајни за времето во кое живееме, за соодветно надминување на предизвиците со кои се соочуваме. Токму затоа, партнерскиот однос помеѓу општината, невладиниот сектор и бизнис секторот, мора постојано да се надградува, за да може да се постигнат одржливи и општествено корисни решенија, кои ќе донесат подобра иднина за нашиот град. Како локална самоуправа, ваквиот пристап го применуваме во секојдневното работење, преку поддршка на идеи и иницијативи од граѓани кои се однесуваат на различни сфери од нашата надлежност, а од неодамна и преку локалниот економско социјален совет, кој очекувам дека ќе значи и дополнителна стимулација за нови претприемачки идеи кои ќе се развиваат во Битола. Општина Битола, традиционално и оваа година ја поддржува иницијативата на Младинскиот културен центар, за организација на јавна дискусија во рамките на Европската недела на претприемништво, каде главниот акцент е ставен на поддршката на локалниот бизнис за развој на туризмот, рече градоначалникот Коњановски.
На јавната дискусија со свои излагања учествуваа Филип Стојчевски од “Винарија Чифлик“, Никола Јошевски од “ЈК Травел“ и доц. д-р Михаел Ристески – професор на факултетот за туризам и угостителство – Охрид при УКЛО. Модераторот на дискусијата д-р Сашо Додовски, директор на Младински културен центар – Битола на отворањето на дискусијата рече:
-Европската недела на претприемништво се одбележува ширум Европа во над 300 градови, а вклучена е и Битола. Оваа јавна дискусија која ја одржуваме веќе 11 години по ред, која се надевам дека че придонесе за спротивставување на негативните демографски трендови и насочување на младите да работат во туризмот, или само да се пробаат во претприемништвото во областа на туризмот. Битола е погодна локација за развој на туризмот, и се она што туризмот го нуди ќе биде силен поттик да многу луѓе, и млади и повозрасни да инвестираат во оваа област и да понудат нешто ново, а тоа ќе донесе нови работни места, успешни и развиени бизниси. Кога се зборува за туризмот мора да се зборува и да се инвестирањето во смарт туризам, бидејќи оваа туристичка гранка зема огромен замав во ЕУ. Токму МКЦ Битола работи на таков проект со паметен туризам како дел од прегуграничната соработка. “Паметниот“ туризам е за првпат направено во ова подрачје на реонот на Битола – Корча со роектот “Смарт кул тур“ кој го реализиравме преку ИПА програмата во соработка со “ЈК Тарвел“ каде се развиени 5 уникатни туристички понуди, а продолжението на овој проект е новиот проект “Смарт фор ју“.
На јавната дискусија беа претставени повеќе идеи и предлози, како и можности за преземање на конкретни чекори за развој на туризмот во Битола.

МКЦ Битола со јавна дискусија “Поддршка на локалниот бизнис за развој на туризмот“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Мила Нечовска, млада пијанистка: пред натпревар вежбам секој ден околу три до четири часа, напорно е, но кога се сака се се може
- СВР Битола: претрес во Битола, приведена 53 годишна битолчанка, пронајдена марихуана и амфетамин
- Инженерски прстен за студентка Сара Петковска од Техничкиот факултет – Битола
- СВР Битола: физички напад во градскиот пазар, каснување од куче скитник, превентивна акција во чаршијата
- На денот на животната средина во Битола “Еко-пријателска мобилност“ – фестивал за еко-мобилност