На 30.10.2022 во 23.45 часот во СВР Битола, од Казнено – поправната установа Затвор Битола било пријавено дека во 21.00 часот во затворот настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица затвореници, при што биле употребени и разни предмети. Притоа, 27 лице од Битола се здобил со тешки телесни повреди, а пет други лица се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Се пеземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.10.2022 во 00.05 часот на ул. “Бистра“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 23 и 51 година, двајцата од Битола, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно докумнетирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 30.10.2022 во 16.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода две лица од Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.