Агуаш Санташ – Еурофарм Пелистер 27:29 (12:15)
Еурофарм Пелистер со победа и со први бодови се враќа во Битола по победата над екипата на Агуаш Санташ од гостувањето во Португалија заслужено со 27:29, полувреме
Битолските ракометари имаа лош старт и домаѓинот дојде до 3:0, а првиот гол “пелистерци“ го постогнаа во 6. минута, а потоа се повреди десниот бек Хосни кога незгодно доскокна и со голема болка, солзи на очите и на носилка беше изнесен од паркетот, но за среќа нема тешка повреда. Незгодата беше мотив плус за ракометарите на Еурофарм Пелистер кои за брзо поведоа, а полувреме заминаа со +3 (12:15).Еурофарм Пелистер и на стартот на вториот дел започна добро и дојде до +6 (14:20), а во 43. минута беше и +7. Следуваше серија на Агуаш Санташ од 6:0 за резултатската неизвесност. Прво Хенеберг, а Пешевски и Танкоски ги постигнаа можеби најважните голови на натпреварот за +2, а до крајот на средбата остана таа разлика за крајни 27:29.
Најефикасни во Еурофарм Пелистер беше данецот Хенеберг со 7 гола и Пешевски со 5, а Сери со 4 гола.