Press "Enter" to skip to content

Ларс Валтер: последните три натпревари не ги одигравме како што треба, но гостинска победа е многу важна

Екипата на Еурофам Пелистер од Битола, денес во вечерниот термин, во 20,45 часот, за одигрување на натпревари во Европската лига ќе го игра натпреварот од 2. коло во Португалија, против домаќинот, екипата на Агуаш Сантош од групата “Д“ во новата сезона.

“Пелистерци“  го посакуваат првото овосезонско славје, а тренерот Ларс Валтер верува дека неговиот тим ќе се врати во посакуваниот ритам и ќе ја извојува првата победа.

-Имаме многу добри шанси за победа на овој дуел, но мора да признаеме дека се соочуваме со проблеми со повредени играчи, како што се случаите со Суси и Сери. Исто така во ростерот имаме нов ракометар кој што треба да се воигра со екипата. По репрезентативната пауза нашиот ритам се поремети, последните три натпревари не ги одигравме како што треба. Работиме напорно да го вратиме ритамот од претходно и верувам дека тоа ќе се случи на овој дуел. Агуаш Санташ не е толку висок, колку што е брз тим. Има многу подвижен среден бек, на кого мораме посебно да внимаваме. Секој натпревар е многу важен во групата и ако минатата средба правевме грешки, не значи дека овој пат не знаеме и не можеме да ги поправиме. Ќе дадеме сè од себе, бидејќи секоја гостинска победа е многу важна. Се надевам првата ќе дојде утре“, рече данскиот стручњак.

More from СпортMore posts in Спорт »