Press "Enter" to skip to content

Одржан состанок на зимската служба на Општина Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес одржа состанок со претставниците на претпријатијата кои се дел од Зимската служба на општина Битола.

На состанокот, присутните беа запознати со програмата за Зимска служба која беше донесена на последната седница на Советот на општина Битола, се разговараше за планираното вклучување на јавните претпријатија, а секој претставник на претпријатијата, беше побарано да номинира лице во координативното тело со кое ќе раководи градоначалникот.

Навременото организирање и планирање на интервенциите е со цел подготвеност на зимската служба за соодветно постапување во зимски услови.