Press "Enter" to skip to content

Петар Ставрев добитник на наградата за животно дело на Општина Битола

Управниот одбор на Фондот за наградата „4 Ноември“  и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, одличија Петар Ставрев да биде добитник на 4-то ноемвриската награда за животно дело за 2022 година, највисокото општинско признание, кое се доделува по повод Денот на ослободувањето на Битола.

Петар Ставрев има 81 година, започнал како новинар во “Радио Битола“, а најголем дел од работниот век поминал како дописник од Битола и регионот на весникот “Вечер“, а бил соработник и но неколку весници.