Press "Enter" to skip to content

Акциска контрола на златарници на СВР Битола, Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи

На 02.11.2022 во времето од 11.30 до 15.00 часот криминалистичката полиција на СВР Битола и полициски службеници од полициската станица од општа надлежност Битола во координација со Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи како  Секторот за економски криминал и корупција при МВР, беше спроведена акциска контрола врз 14 правни субјекти кои се занимаваат со продажба, откуп и изработка на златен накит на подрачје на Битола.

При контролата од страна на УЈП беа констатирани неправилности во однос на обврските кои произлегуваат од Закон за готовински плаќања, а од страна на Државниот пазарен инспекторат беа пронајдени и одземени 240 грама злато и златен накит од вкупно 4 правни субјекти.

More from ВестиMore posts in Вести »