Денеска, 2 ноември, во СВР Битола било пријавено дека во 02.18 часот на ул.„Цане Василев“ во Битола настанал пожар во патничко моторно возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ф. (60) од Битола. Екипа на Територијалната противпожарна единица Битола го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
На 02.11.2022 во СВР Битола, Р.Ј. (25) од Битола пријавила дека на ул.„Караорман“, на место викано „Бараките“, во Битола била физички нападната од лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.