Press "Enter" to skip to content

Фотографска изложба – „Синтеза на уникатни архитектонски елементи во с. Буково, Битолско“ – 06.11.2022 г. во 12 h

„Синтеза на уникатни архитектонски елементи во с. Буково, Битолско“ – фотографска изложба на 06.11.2022 г. во 12 h во Дом на култура во с. Буково. Буково, селото кое во конзулски Монастир било омиленото излетничко место како на битолчани, така и на конзулите и селото низ кое често поминувал Крсте Петков Мисирков вршејќи ја неговата просветна дејност. Буково, единствен спој на уникатна архитектура – куќи чардаклии, масивни камени куќи и куќи припадници на традиционалната градска архитектура својствена за Битола. Целта на изложбата е прикажување на ова разновидно и богато градителско наследство, како и поттикнување на свеста и интересот за негово зачувување.