Press "Enter" to skip to content

Во Битола отворена изложбата на костими од најуспешниот и најнаградуваниот македонски костимограф, Благој Мицевски (фотогалерија)

Синоќа во белата сала на Офицерскиот дом во Битола, во присуство на голем број колеги од театарот, пријатели, познати уметници и видни битолчани, како и гости од Скопје, беше отворена изложбата на костими од најуспешниот и најнаградуваниот македонски костимограф, Благој Мицевски.Изложбата со краток говор ја отвори директорката на Културно информативниот центар, Лили Бошевска, а присутните ги поздрави и градоначалникот на Битола Тони Коњановски.Самиот автор пак го објасни концептот на изложбата која се состои од два дела, едниот изложени костими од Битолскиот театар од претстави по дела на Шекспир и другиот дел, триесет фотографии во голем формат кои ја претставуваат неговата работа кај нас и во светот а се однесува на последната декада од неговата триесетгодишна кариера.Фотографиите се од претстави од Опера Драма Балет, како што е насловена и самата изложба, а во соработка со режисерите Диего Де Бреа, Џон Блондел и кореографката Рисима Рисимкин.Токму со нејзината претстава “Котел“, продолжи дружењето во Центарот за култура каде во живо видовме дел од соработката на Мицевски со Скопје Танцовиот Театар.Оваа силна несекојдневна танцова и визуелна експресија, ги остави битолчани без здив, а тие ја наградија со долг аплауз и посакаа што поскоро да ги видат повторно во Битола.Дружењето продолжи со коктел и ди џеј во култниот “Порта Џез бар“ каде се делеа впечатоците од оваа уметничка вечер и од прекрасниот каталог кој на пеесет колор страници го документира овој настан со краток текст и многу фотографии.Изложбата останува отворена за посетители и во наредните денови, не пропуштајте ја.