Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево со мала до умерена облачност

Денес, четврток, 3 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоолошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Температурата во Битола до 23 степени.

Утре, петок, 4 ноември, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. До крајот на денот ќе биде значително облачно. Температурата во Битола до 23 степени.