Денес во Средното земјоделско училиште “Кузман Шапкарев“ во Битола се одржа уникатен настан, кој училиштето го организира во соработка со коњаница “Галоп“ од Битола.-Учениците од ова средно училиште и нивните гости од други основни училишта од Битола низ интересен и забаван пристап, близок до учениците учеа за коњите. На настанот беше демонстрирано како се негуваат коњите, како се заседлуваат, подговуваат за јавање и дресираат, рече директорот на Земјоделското училиште, Благојче Кривевски.
Атракција беше коњот Торнадо кој изведуваше интересни акробации.
Дружењето помеѓу учениците продолжи со журка со ди-џеи и секој присутен, вклучително и најмалите имаше можност да јава некој од 5-те коњи, вклучително и малото пони коњче.

Уникатен настан во Земјоделското училиште, учениците и нивните гости се дружеа и научија некои работи за коњите (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 15 степени
- Битола, градот на клавирите, го одбележа Денот на пијаното (фото)
- Еурофарм Пелистер со соопштение: зошто натпреварот не беше прекинат или трибините испразнети?
- “Правда за Јана“ – најмасовен граѓански протест во Битола (фотогалерија)
- Општина Битола: партерно се уредува просторот кај Офицерски