Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Вангел Гагачев

Во Битола на 81 годишна возраст,  вчера, почина м-р Вангел Гагачев, поранешен директор на ЗИК “Пелагонија“ од Битола. 

Гагачев бил роден во Егејска Македонија, во село Буф, Грција, а се школувал во Битола и Скопје, а магистерскиот труд го одбранил во Србија, во Нови Сад.

Својата раководна професионална кариера во ЗИК “Пелагонија“ ја започна како помошник на генералниот директор, а во 1988 година е назначен за генерален директор на ЗИК “Пелагонија“, а на таа функција остана се до пензионирањето во 2009 година.

Гагачев покрај раководењето во ЗИК “Пелагонија“ извршувал и други општествени функции, а бил и добитник на награди и признанија, како  Државната награда “11 Октомври”, награда на Стопанската комора на Македонија, наградата “4-ти Ноември” на град Битола и други.

Опелото и погребот ќе се извршат денес, 3 ноември, во храмот “Св. Димитрија“ и Светонеделските гробишта во Битола во 13 часот.
More from ВестиMore posts in Вести »