Денес кога Битола денеска го одбележува Денот на ослободувањето, во посета на градот беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, каде заедно со градоначалникот Тони Коњановски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола – Пеце Милевски, пратеничката Олга Лозановска и членови на општинскиот комитет извршија увид во асфалтирањето на патот за село Лавци и стадионот “Петар Милошевски“.При посетата на делот на патот кој се асфалтира градоначалникот Коњановски рече:
-Дозволете пред се еве и од ова место да го честитам големиот празник денешен, 4-ти ноември, Денот на ослободувањето на Битола, 78 години од победата над фашизмот во Битола. Знаете Битола овие денови живее празнично, со многу манифестации, со многу приредби, со многу празнување. Денес имаме чест и задоволство, еве баш на овој ден да не посети и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, заедно да бидеме на увид на активностите кои се спроведуваат и кои ги работиме во Битола. Да кажам дека се наоѓаме на потегот на село Брусник, улица, дел од потегот кој многу значи за граѓаните на ова село, атрактивна локација, туристичка локација која очекувам годините кои следат да заживее онака како што треба. Ова е еден дел од проектот од 23 улици кој го ветивме, 19-тата улица во должина од должина од 1.400 метри, се работата сега првите 600-700 метри на потегот, направена е и примарна канализациона мрежа и мислам дека градот и граѓаните, жителите на Брусник ќе бидат задоволни со она што го правиме добиваатат конечно после толку години пат, реконструиран кој едноставно ќе не спои многу побрзо.
-Продолжуваме со активностите кои ги имаме, се надевам дека времето ако послужи овие 2-3, неколку дена ќе следи и асфалтирање на останатите улици, така да проектот 23 улици ќе го завршиме. За нашите активности зборува и самиот факт што некаде преку 70% од буџетот наменет за капитални инвестиции ќе биде реализиран што никогаш досега во историјата на Битола не било направено. Се работи интензивно од самиот почеток на мандатот кој го добивме и мислам дека граѓаните можат да осетат едно предвижување на поинаква слика, едни промени кои се надевам дека на добробит на сите ќе се.
Ги поканувам и сите граѓани вечер заедно да празнуваме во 19 часот во Салата на битолскиот народен театар и да ја заокружиме, така да ги доделиме признанијата. Меѓутоа активностите од утре си продолжуваат, во тек се, еве да најавам за идната година, сите плански документации ги средуваме за влезот од Битола од Прилеп. Уште една работа, не само што ги реализираме проектите кои се во тек за идната година веќе за сега имаме 65 нови проекти кои се пред дозвола за градба, така да идната година ќе биде уште пожестока.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, при денешната посета на Битола рече:-Од утре па до недела ќе имаме 365 дена од победата на локалните избори минатата година во Скопје, ве поканувам доколку имате можност да дојдете и да слушнете од лице место што се е направено изминатата година од градоначалниците кои што беа избрани од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се 42 плус коалицијата во општините каде што е ВМРО-ДПМНЕ, тоа е некаде вкупен број околу 50-тина општини. Споредено со тоа што беше во минатото, навистина е неспоредливо во насока на зголемување на квалитетот на граѓаните.
-Овде ова што го кажа и градоначалникот на Битола навистина претставува импозантно повеќе од 75 проценти реализирани капитални инвестиции, до сега тоа не се случило, повеќе од 65 проекти за до година подготвени, односно пред дозвола за градба, и навистина Битола заслужува да го врати оној сјај кој што од секогаш го имала на конзулски град. А јас се обврзувам и лично и тоа сум го кажал и многу пати во минатото, дека владата на ВМРО-ДПМНЕ и јас како нејзин мандатар ќе посветам посебно внимание овде за Битола и ќе бидеме ветер во грб на локалната самоуправа, а не сега како што тоа го прави оваа влада да гледа на сите можни начини да ја опструира работата на локалната самоуправа и на градоначалникот. Уште еднаш ќе ми дозволите да го честитам денот, да му честитам на градоначалникот, на тимот, на советниците, на сите луѓе кои што допринесуваат за Битола да се гради и продолжуваме со исто темпо, продолжуваме да го враќаме сјајот на Битола на конзулски град, истакна Мицкоски.