Press "Enter" to skip to content

Претставници на проектот “Размени, истражувај, иновирај, гради нови полиња на можности“ гости во Ректоратот

Проректорот за наука на УКЛО, проф. д-р Горан Илиќ беше домаќин на работна средба во рамки на Проектот Размени, истражувај, иновирај, гради нови полиња на можности (Echanger Explorer Innover Construire de Nouveaux Champs du Possible).

Покрај Факултет за биотехнички науки – Битола во проектниот конзорциум координиран од Универзитетот Клод Бернар од Лион, Франција, влегуваат и Технолошкиот институт од Бургенбрес, Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ, Технолошките факултети на универзитетите од Белград и Нови Сад и Агрономскиот и Прехранбено-технолошкиот факултет на Универзитетот во Мостар.Станува збор за едногодишен проект финансиски поддржан од ES-Balkan -една од програмите за иновативни проекти во рамките на Француското министерство за Европа и надворешни работи.Претставниците од овие институции воедно се гости на ФБН и на средбата во Ректоратот беа придружувани од деканката на Факултетот, проф. д-р Гордана Димитровска и почесниот конзул на Република Франција во нашата држава, г-ѓата Калиопа Кривашија Стилиновиќ.

Оценка е дека и во иднина, покрај конкретната, може да се развиваат и други форми на соработка:  нови проектни апликации за разни фондови, во рамките на ЕУ но и пошироко, нови интер-институционални ЕРАЗМУС+ договори за мобилност, заедничко настапување на кадрите на научни и стручни собири и понатамошно подигнување на нивото на научно-истражувачката работа.