Press "Enter" to skip to content

Со полагање на цвеќе на споменикот на револуцијата одбележан 4. Ноември (фото)

Празнување на 78. роденден на Битола, на 4. Ноември, денот на ослободувањето на Битола денес заочнаа со свечен прием на делегацијата на Сојузот на борци во кабинетото на градоначалникот, а дувачкиот оркестар на битолчани им приреди утринско изненадување по Широк Сокак.Потоа одбележувањето на 4. Ноември продолжија со  положување на цвеќе пред споменикот на Револуцијата пред Центарот за култура во Битола.Цвеќе положи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој ја искористи приликата на битолчани уште еднаш да им го честитат денот на ослободувањето на градот од фашистичката окупација.Цвеќе положи и делегација на Советот на Општина Битола, предводена од претседателата на Советот, Габриела Илиевска.Во име на Сојузот на борци на Битола делегација предводена од претседателот Стефан Бошков, а цвеќе положија и делегации на дел од збратимените градови.

И политичките партии ги облежежаа Роденденот на градот со полагање на цвеќе на нивни делегации.

More from ВестиMore posts in Вести »