Вечерва во Битола, во киното “Манаки“ започна празнувањата за одбележување на 40 години од ставањето во производство на електрична енергија на РЕК “Битола“. На промоцијата на документарвиот филм којго реализира ТВ “Тера“ од Битола заедно со новинарот Менде Куновски, од РЕК “Битола“ присуствуваше и генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.
Во филмот свои сеќавања, како рекоа реализаторите со многу емиции зборуваат Алекандар Гроздановски, директор на РЕК “Битола“ од 1987 со 1989 година, сегашниот дитектор на РЕК “Битола“ – Пеце Матевски, сегашниот директор на ЕСМ – Васко Ковачевски, поранешниот директор за производство Спире Мавровски, претставниците на синдикатот Менде Фидановски и Јове Смилевски и новинарот Јове Колевски.
Утре продолжува одбележувањето на јубилејот 40 години РЕК “Битола“ со промоција на монографија и Свечена Академија на која ќе присуствуваат претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.
Свечената акедемија ќе започне во 12 часот во Народниот театар Битола.

Вечерва во Битола промоција на документарец, утре на монографија и свечена Академија “40 години РЕК Битола“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 15 степени
- Битола, градот на клавирите, го одбележа Денот на пијаното (фото)
- Еурофарм Пелистер со соопштение: зошто натпреварот не беше прекинат или трибините испразнети?
- “Правда за Јана“ – најмасовен граѓански протест во Битола (фотогалерија)
- Општина Битола: партерно се уредува просторот кај Офицерски