Денес во рамките на програмата за одбележување на Денот на ослободувањето на Битола, 4. Ноември се одржа отворен ден во Офицерскиот дом во Битола, за што директорката за Културно информативниот центар – Битола, Лили Бошевска рече:-Офицерски дом е отворен цело лето за битолчани бидејќи имавме многу настани, а сите имаа слободен влез за граѓаните, но меѓутоа сфативме дека треба повеќе да ги охрабриме битолчани да влезат, да ги видат сите простори галериски, концертни, кристалната и свечената сала, да ѕирнат во секое катче. Поради тоа поради празникот на Битола решивме да ги отвориме вратите и сите битолчани на некој начин да ги поканиме да го посетат секое катче на Офицерски дом, а за впечатоците на битолчани додава:
-Денес навистина имавме многу гости, многу посетители, кои беа воодушевени, влегоа во секој дел од зградата, направија безброј фотографии, безбој “селфи“ фотограгиите и ги ставија на социјалните мрежи. Ни кажаа дека се среќни поради сето тоа што го гледаат и ни рекоа дека се оправдани сите очекувања кои ги имале за Офицерски дом. Со ова докажавме дека објектот е буквални за сите. Ние сакаме да избегнеме коментари дека тука има елитизам, односно дека само некои можат да влезат тука, а ние сме отворени за сите кои ја сакаат културата, уметноста, за сите кои имаат почит за Офицерски дом, во текот на целиот период од постоењето.
За тоа како продолжува со работа Офицерски дом рече:
-Продолжуваме со исто темпо, многу динамично, многу креативно. Повторно ги повикуваме сите уметници во градот, сите творци да не доживуваат како свои партнери со кои заедно ќе ги оствариме своите идеи во овој објект заедно со сите вработени во Културно информативниот центар.